Posts

За буквите -Црноризец Храбар

"За буквите" е дело  на автор кој го користел псевдонимот Црноризец Храбар. Во ова лектирно дело се зборува за тоа како се создало словенското и грчкото писмо, како и за сличностите и разликите кои ги содржат истите. Во делото се зборува дека грчката азбука е дел од оние три азбуки на кои според евангелието, Бог наредил да се пишуваат книгите. За разлика од грчката азбука, словенската според евангелието не е дадена од Бога, туку за неа се смета дека е создадена од човек пратен од Бога. Исто така, во делото е објаснето дека грчката азбука е всушност дело на повеќе автори кои со текот на годините смислувале и на грчката азбука и додавале повеќе нови букви. Поголемиот дел од Грците не ги знаат имињата на авторите кои ја создале нивната азбука. За разлика од грчката азбука, словенското писмо е создадено од само еден автор, односно Константин Филозоф. Словените од друга страна знаат дека творец на нивното писмо е Кирил. Во делото се зборува за тоа дека грчката азбука е постара во

Островот со скриеното богатство - Р. Л. Стивенсон

                          Кратка фабула    Во лектирното дело Островот на скриеното богатство од Р. Л. Стивенсон за четиринаесет годишното момче Џими и неговата авантура. Тој е син на сопственикот на кафеаната на западниот брег на Англија, во близина на Бристол. Дејствата се случуваат на крајот на првата половина на псумнаесетти век.    Џими случајно ја зема картата на скриеното богатство од ковчегот на умрениот господин, пиратскиот капетан. Картата е барана и од страна на старите другари на капетанот. Џими веднаш го информира локалниот владетел на Трелонија и локалниот судија Д-р Ливзи за се што се случува. Двајцата одлучуваат да патуваат кон островот на скриеното богатство, а со себе го носат и Џими. Наскоро тргнуваат од Бристол со брод на кој како членови на екипажот се подметнуваат и поголема група на прикриени пирати, кои се спремни на се за само да го земат златото. Главниот меѓу сите нив е главниот кувар Џон. На Џими му е судено да ја открие пиратската проневера, како и да би

Антигона- Софколе

               Анализа на лик- Антигона      Во лектирното дело Антигона од Софколе главен лик е Антигона. Таа е ќерка на Едип. Родена во гнев, таа неможе да има среќна судбина. Антигона е толку чесна, посветена, горда и достоинствена што неможе да дозволи нејзиниот брат да остане непогребан. Свесно останува безбрачна и бездетна, свесно ја жртвува својата среќа која не ја остварува со свршеникот Хемон- само за да ја зачува честа на семејството и докрај да ја искаже сестринската почит и љубов.    Нејзините зборови дека  мртвиот сопруг се заменува лесно, дека и ново дете може да се роди, но нов брат неможе да се има поради мртвите родители јасно го покажуваат нејзиниот став. За неа тука завршува се. И нејзините желби, и нејзините копнежи, и љубовта кон свршеникот и заповедта на кралот.  А Креон дури се плаши дека Антигона ќе биде помаж од него, па иако не е убеден во нејзината вина ја осудува на смрт.       Антигона е еден од најцврстите, најпожртвуваните карактери опишани во светска

Вујко Вања- А. П. Чехов

                           Кратка фабула           Во драмата Вујко Вања-  А. П. Чехов се работо за професорот Серебрјаков кој е женет за многу помладата Елена Андреевна, во која се заљубени и вујкото Вања, како и докторот Астров.   Љубовниот заплет го чини Соња, која е силно вљубена во докторот Астров. Освен љубовните интриги, во фамилијата постојат сериозни меѓусебни недоразбирања и нетрпеливост.     Вања постојано се жали на своеволниот карактер на Серебрјаков и на неговата безобѕирност кон останатите членови од семејството.  Од друга страна, пак, Серебрјаков планирал да ја продаде селската куќа, што ќе повлече бран на незадоволство кај најблиските.     Дејството кулминира кога вујко Вања со пиштол ќе посегне по животот на Серебрјаков, што ќе резултира со заминување на професорот и неговата сопруга од куќата.   По тој невообичаен настан, работите си се вратиле по стариот тек.

Силјан Штркот- М. Цепенков

      Приказната Силјан Штркот се одвива на почетокот во село Мало Коњари каде живее младиот Силјан и неговото семејство. Силјан е млад и постојано прави грешки во својот живот и ќе се поправа иако неговите родители постојано му ги посочуваат грешките.  Тоа многу ги загрижува неговите родители, но тој воопшто не се грижел и едвај чекал да замине подалеку од своето семејство.  Силјан заминал во Прилеп каде поминал цела година шетајќи неразмислувајќи на својата фамилија.     Еден ден бродот со кој патувале го зафатила бура и само Силјан останува жив. Тој потоа се нашол во некоја чудна земја каде што поминал цела година да работи за да се претвори во штрк и да одлета кај својата фамилија. Кога се приближи во своето село од возбуда тој го скрши шишето со вода која му била потребна за да стане човек. Тој неможел да се јави дека е        Силјан бидејќи сеуште бил во телото на штрк и само го набљудувал своето семејство тагувајќи. По една година тој повторно се врати во чудната земја и ов

Сердарот- Глигор Прличев

      Анализа на лик- Неда, Кузман, Гегите      Во ова лектирно дело еден од поважните ликови е Неда, а таа исто така може да се каже дека е централен лик. Таа е мајка на јунакот, но и самата е јунак. Таа гордо ја поднесува смртта на нејзиниот син што ни дава со значење дека е храбра, бестрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата односно да стане водач.  Јасно е изразена нејзината решителност и чесност. Но, освен овие возвишени атрибути, таа е сепак мајка, чувствителна, која го сака своето дете безусловно. Иако синот и умре, Неда и во таа болка не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа болка.      Од друга страна, Кузман е јунакот во оваа поема и тој е сердар во областа река. Како неговите предци, тој исто така е многу храбар и се бори за неговиот народ и нивната слобода. Тој е убиен од страна на Албанците но исто така е и предаден од нивна страна кај негова

Чорбаџи Теодос - Васил Иљоски

              Анализа на лик- Стојанка       Стојанка е девојката која е лудо вљубена во Томче - синот на чорбаџијата Теодос. Таа е убава и вредна, но е сиромашна. Во времето во кое живееле Стојанка и Томче, односно во турското време владеело патријахалното општетство.  Во патријахалното општетство последниот и главен збор во семејството го има таткото, таканаречен "глава на куќата".  Исто така, во тоа време не се мешале богатите и сиромашните луѓе, па затоа љубовта на Томче и Стојанка е забранета.      Стојанка е динамичен лик бидејќи настаните се вртат окулу неа, односно нејзината венчавка со Томче. Иако нивната љубов е забранета, тие наоѓаат начин како да бидат заедно.       Чорбаџијата Теодос не само што не ја сака Стојанка за снаа, тој бара начин како да ја посрамоти и омаловажи во секоја прилика. Тој не ги сака луѓето што се сиромашни и што се под неговата класа, но итриот Арсо ќе го намести да стане кум на циганите. Томче кој е лудо вљубен во Стојанка му кажува н