Posts

Showing posts from December, 2017

"Бескрајна приказна" - Михаил Енде

   Во романот "Бескрајна Приказна" се работи за детето Бастијан Балтазар Букс кој е голем љубител на книги, како случајно влегува во стара антикварница и краде книга. Потоа тој почнува да ја чита книгата, влегува во неа и станува дел од самата.    Во овој роман експозицијата е кога Бастијан задишан влегува во антикварницата за книги каде се наоѓа стариот г-дин Кореандер. Бастијан признава дека тој бега од лошите деца од неговото училиште, бидејќи тие го тепаат и го задеваат дека е глупак. Потоа додека г-дин Кореандер занесено зборува на телефон, Бастијан краде книга и заминува на таванот во неговото училиште и почнува занесено да ја чита книгата со бакарни жици и две змии на корицата, која се вика "Бескрајна Приказна".    Заплетот во овој роман е кога Бастијан ја чита книгата и дознава дека во земјата "Фантазија" се наоѓа Детската царица која е многу болна. Дошле многу лекари од целата Фантазија, но не успеале да ја излечат царицата и затоа Каирон кој е