Антигона- Софколе

               Анализа на лик- Антигона

     Во лектирното дело Антигона од Софколе главен лик е Антигона. Таа е ќерка на Едип. Родена во гнев, таа неможе да има среќна судбина. Антигона е толку чесна, посветена, горда и достоинствена што неможе да дозволи нејзиниот брат да остане непогребан. Свесно останува безбрачна и бездетна, свесно ја жртвува својата среќа која не ја остварува со свршеникот Хемон- само за да ја зачува честа на семејството и докрај да ја искаже сестринската почит и љубов.
   Нејзините зборови дека  мртвиот сопруг се заменува лесно, дека и ново дете може да се роди, но нов брат неможе да се има поради мртвите родители јасно го покажуваат нејзиниот став. За неа тука завршува се. И нејзините желби, и нејзините копнежи, и љубовта кон свршеникот и заповедта на кралот.  А Креон дури се плаши дека Антигона ќе биде помаж од него, па иако не е убеден во нејзината вина ја осудува на смрт.
      Антигона е еден од најцврстите, најпожртвуваните карактери опишани во светската литература. Жена во сите нејзини особини, свесна за второстепената и подредена улога во општетството, но поцврста од маж во одлуките и подостоинствена од сите нив.

Comments

Popular posts from this blog

"Повик на дивината" - Џек Лондон

"Бескрајна приказна" - Михаил Енде

"Галебот Џонатан Ливингстон" - Р. Бах