Чорбаџи Теодос - Васил Иљоски

              Анализа на лик- Стојанка

      Стојанка е девојката која е лудо вљубена во Томче - синот на чорбаџијата Теодос. Таа е убава и вредна, но е сиромашна. Во времето во кое живееле Стојанка и Томче, односно во турското време владеело патријахалното општетство.
 Во патријахалното општетство последниот и главен збор во семејството го има таткото, таканаречен "глава на куќата".
 Исто така, во тоа време не се мешале богатите и сиромашните луѓе, па затоа љубовта на Томче и Стојанка е забранета.
     Стојанка е динамичен лик бидејќи настаните се вртат окулу неа, односно нејзината венчавка со Томче. Иако нивната љубов е забранета, тие наоѓаат начин како да бидат заедно.
      Чорбаџијата Теодос не само што не ја сака Стојанка за снаа, тој бара начин како да ја посрамоти и омаловажи во секоја прилика. Тој не ги сака луѓето што се сиромашни и што се под неговата класа, но итриот Арсо ќе го намести да стане кум на циганите. Томче кој е лудо вљубен во Стојанка му кажува на татко му дека ќе се убие ако не му даде благослов да се ожени со неа. Чорбаџијата размислувајќи не само што му дал благослов, туку станува и кум на циганите, јаде и пие со нив и се жали до каде му стигнал животот.
      Луѓето не треба да се ценат според материјалната состојба или според тоа дали се слуги или чорбаџии. Важно е човекот да е воспитан и да знае како да се однесува.

Comments

Popular posts from this blog

"Повик на дивината" - Џек Лондон

"Бескрајна приказна" - Михаил Енде

"Галебот Џонатан Ливингстон" - Р. Бах