Сердарот- Глигор Прличев

      Анализа на лик- Неда, Кузман, Гегите

     Во ова лектирно дело еден од поважните ликови е Неда, а таа исто така може да се каже дека е централен лик. Таа е мајка на јунакот, но и самата е јунак. Таа гордо ја поднесува смртта на нејзиниот син што ни дава со значење дека е храбра, бестрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата односно да стане водач.  Јасно е изразена нејзината решителност и чесност. Но, освен овие возвишени атрибути, таа е сепак мајка, чувствителна, која го сака своето дете безусловно. Иако синот и умре, Неда и во таа болка не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа болка.
     Од друга страна, Кузман е јунакот во оваа поема и тој е сердар во областа река. Како неговите предци, тој исто така е многу храбар и се бори за неговиот народ и нивната слобода. Тој е убиен од страна на Албанците но исто така е и предаден од нивна страна кај неговата мајка. Тој е многу посакуван меѓу народот бидејќи го заштитува и се жртвува за него. Кузман многу ја сака и почитува неговата мајка исто како и таа него.
     Гегите во оваа поема се непријателски настроени, вршат кражби и се многу немичосрдни, што ни дава до значење дека се негативни. Но, тие ја покажуваат и добрата страна со тоа што го носат мртвото тело на Кузман во домот на Неда. Тое покажуваат почит која е многу важна карактеристика кај еден човек.
     Со анализирање на ликовите и со самото читање на поемата ние успеавме да се запознаеме  како македонскиот народ живеел пред многу години и низ се што низ тој минувал. Покрај се се покажува и тоа колку и да сме направиле некое лошо и грешно дело треба да се извинуваме и да покажеме почит.

Comments

Popular posts from this blog

"Повик на дивината" - Џек Лондон

"Бескрајна приказна" - Михаил Енде

"Галебот Џонатан Ливингстон" - Р. Бах