Вујко Вања- А. П. Чехов

                           Кратка фабула  
   
    Во драмата Вујко Вања-  А. П. Чехов се работо за професорот Серебрјаков кој е женет за многу помладата Елена Андреевна, во која се заљубени и вујкото Вања, како и докторот Астров.
  Љубовниот заплет го чини Соња, која е силно вљубена во докторот Астров. Освен љубовните интриги, во фамилијата постојат сериозни меѓусебни недоразбирања и нетрпеливост. 
  Вања постојано се жали на своеволниот карактер на Серебрјаков и на неговата безобѕирност кон останатите членови од семејството.
 Од друга страна, пак, Серебрјаков планирал да ја продаде селската куќа, што ќе повлече бран на незадоволство кај најблиските.
    Дејството кулминира кога вујко Вања со пиштол ќе посегне по животот на Серебрјаков, што ќе резултира со заминување на професорот и неговата сопруга од куќата.
  По тој невообичаен настан, работите си се вратиле по стариот тек.

Comments

Popular posts from this blog

"Повик на дивината" - Џек Лондон

"Бескрајна приказна" - Михаил Енде

"Галебот Џонатан Ливингстон" - Р. Бах