Posts

Showing posts from November, 2017

"Шаргинска кожа" Оноре Де Балзак

  Во книгата "Шаргинска кожа" од францускиот писател Оноре Де Балзак се зборува за  момче кое сака да се самоубие, но случајно влегува во една продавница и наоѓа парче шаргинска кожа која ќе му го промени животот. Тој ја земал кожата незнаејќи ги последиците од нејзиното користење и почнале да се случуваат работи кои тој не ги замислувал. Книгата содржи 3 поглавја: Амајлија, Бездушна жена и Агонија.    Рафаел е момче кое ги вложува неговите последни пари и по нивното губење тој одлучува да се самоубие фрлајќи се во реката Сена. По пат тој решава да влезе во продавница, каде што постар човек му покажува парче шаргинска кожа која   ги исполнува сите желби. Рафаел не дослушувајќи го старецот ја зема кожата . Тој поминува часови во јадење, пиење и забавување со пријатели и жени. Рафаел сака да го освои срцето на прекрасната но ужасна жена по име Федора.   Подучуван од постар човек, Рафаел успева да се пробие во кругот на пријатели на Федора, но неможејќи да го освои нејзиното с

"Повик на дивината" - Џек Лондон

 Во оваа книга се работи за храброто куче Бак кое среќно живее со семејството се додека не бил киднапиран и продаден во Алјаска. Сопствениците на Бак ќе се сменат неколку пати и некои од нив ќе бидат лоши, а некои добри. Тој ќе запознае многу кучиња од кои повеќето ќе бидат непријателски настроени кон него. Бак ќе преживее неколку напади од такви кучиња, и ќе биде приморан да го убие кучето Шпиц за да преживее. Тој ќе застане на чело на кучињата, ќе воведува мир меѓу нив и ќе ги казнува ако не ги извршат своите обврски и ќе биде најцврст од сите. Потоа Бак ќе биде спасен од страна на Торнторн кога  неговите сопственици ќе го измачуваат. Бак за прв пат ќе ја почувствува таа поврзаност меѓу него и човекот. Љубовта на Бак спрема Торнторн е многу голема што дури и неколку пати му го спасува животот. Но тој со време почнува да го чувствува повикот на дивината и во него се будат инстиктите на своите предци. Тој заминува во шумата каде што се среќава со младиот волк и учи да живее како негови

Панонски легенди

   Во лектирното дело "Панонски легенди" се опишува животот на браќата Св.Кирил и Методиј. Оваа лектира е вид на црковна литература која била создадена во средниот век.     Панонски легенди е составена од две животни приказни. Приказната на Св.Кирил и приказната на Св.Методиј. И двете приказни започнуваат со опис на нивните животи од мали нозе, нивните интереси кон работите кои ги сакале како науката и слично.   Идеата во целата лектира е да се докаже Словенското право на свој јазик и култура.