Posts

Showing posts from October, 2017

Биографија на позната личност

    Нашата наставничка по македонски јазик ни зададе задача да направиме биографија на позната личност. Бевме поделени во групи и лидерите од секоја група излегуваа и влечеа ливче на кое имаше име на некоја позната личност. Нас ни се падна Александар Џамбазов.      Јас бев лидер на мојата група. Бев заедно со Анастасија Атанасовска и Инес Неделковска и се договаравме кој за што ќе биде задолжен. Анастасија ги најде изворите од кои земавме информации, Инес беше задолжена за фотографиите, а јас за текстот и естетскиот изглед на проектот.      Мојата група беше многу сложна и немаше никакви пречки. Работевме сите подеднакво и секој си ја заврши зададената задача.

Обработка на лектирно дело "Времеплов" од Х. Џ. Велс

     Неколку дена по ред на часовите по македонски јазик го обработувавме лектирното дело "Времеплов" од Хербет Џорџ Велс. На часовите се чувствуваше работна атмосфера, се работеше во групи и секој член си имаше своја задача.        Мојата група беше составена од 3 члена- јас, Стефанија Грашкоска и Алмир Рашит. Јас бев лидер во нашата група и определував кој за што треба да истажува и пишува. Исто така им ја препратив задачата на компјутер и така сите можеа да си ги запишат нивните делови.       Најпрво ги пронајдовме главните настани во делото и ги запишавме заеднички. Потоа секој посебно го завршуваше неговиот дел од зададената задача. Стефанија имаше задача да ги пронајде судирите во овие настани. Алмир ги одредуваше ликовите поединечно кои учествувале во тие настани, а јас бев задолжена за чувствата на ликовите.          Да се определат чувствата на почеток изгледа лесно, но сепак не е се баш така како што изгледа. Различни чувства изразува секој од ликовите. Имаше мом

Дали времето во кое што живеам е најдобро за мојата генерација

     Ако не учиш си глупав/а, а ако учиш си бубалица... Ова време е безвредно. Мојата генерација живее во време со достапност до огромен број на информации, многу брзо и лесно. Јас би се запрашала дали тоа не прави почовечни и похумани или не повлекува во изолација на живеење во друг свет.       Развојот на современата техника и технологија ни овозможува брза достапност на информации на секое место. Може и да запознаеме личности на наша возраст. Образованието никогаш не било полесно отколку денес. Во денешно време има онлајн курсеви кои се валидни.       Но, колку што има предности, исто така има и недостатоци. Долгото седење пред компјутер е една од најчестите причини за болест на видот и грбот. Исто така има и премногу веб сајтови што даваат информации кои не се соодветни за нашата возраст.      Модерната технологија му штети и на реалниот и на социјалниот живот. Децата почнуваат да се чувствуваат осамено и да се затвараат во нивните соби седејќи ма компјутер. Така им се намалуваа

Илијада според Хомер

Во оваа книга се зборува за Ахил и Агемамнон кои се караат затоа што Агемамнон му ја земал најубавата робинка на Ахил која се викала Бриседа. Ахил се повлекува од војна и ги остава Ахајците сами да трпат порази. Ахил му го дава своето оружје на Патрокло кој е негов пријател да се бори во двобој со Хектор каде Патрокло е убиен. Ахил кој е гневен се враќа во војна и го убива Хектор во двобој. Книгата завршува така што Ахил го предава телото на Хектор на татко му на кралот Пријам кој го носи телото во Троја и таму го закопуваат. Главни ликови од страна на Ахајците се: -Агамемнон кој е горд, незнае да се однесува и е арогантен -Ахил е храбар лик кој ја сака својата робинка -Менелај кој со тројански коњ влегол во Троја со Ахајски јуни во него -Патрокло убиен во двобој и верен пријател на Ахил Главни ликови кај Тројанците се: -Хектор кој го брани градот Троја -Парис кој е многу храбар и го убива Ахил -Андромаха е жена на Хектор