Биографија на позната личност

    Нашата наставничка по македонски јазик ни зададе задача да направиме биографија на позната личност. Бевме поделени во групи и лидерите од секоја група излегуваа и влечеа ливче на кое имаше име на некоја позната личност. Нас ни се падна Александар Џамбазов.
     Јас бев лидер на мојата група. Бев заедно со Анастасија Атанасовска и Инес Неделковска и се договаравме кој за што ќе биде задолжен. Анастасија ги најде изворите од кои земавме информации, Инес беше задолжена за фотографиите, а јас за текстот и естетскиот изглед на проектот.
     Мојата група беше многу сложна и немаше никакви пречки. Работевме сите подеднакво и секој си ја заврши зададената задача.

Comments

Popular posts from this blog

"Повик на дивината" - Џек Лондон

"Бескрајна приказна" - Михаил Енде

"Галебот Џонатан Ливингстон" - Р. Бах