Обработка на лектирно дело "Времеплов" од Х. Џ. Велс

     Неколку дена по ред на часовите по македонски јазик го обработувавме лектирното дело "Времеплов" од Хербет Џорџ Велс. На часовите се чувствуваше работна атмосфера, се работеше во групи и секој член си имаше своја задача.
       Мојата група беше составена од 3 члена- јас, Стефанија Грашкоска и Алмир Рашит. Јас бев лидер во нашата група и определував кој за што треба да истажува и пишува. Исто така им ја препратив задачата на компјутер и така сите можеа да си ги запишат нивните делови.
      Најпрво ги пронајдовме главните настани во делото и ги запишавме заеднички. Потоа секој посебно го завршуваше неговиот дел од зададената задача. Стефанија имаше задача да ги пронајде судирите во овие настани. Алмир ги одредуваше ликовите поединечно кои учествувале во тие настани, а јас бев задолжена за чувствата на ликовите.
         Да се определат чувствата на почеток изгледа лесно, но сепак не е се баш така како што изгледа. Различни чувства изразува секој од ликовите. Имаше момент каде што чувствата кои ги чувствува ликот, не се исти со оние напишаните и затоа беше важно да се работи внимателно.
       Задачата ја завршивме сложно, иако имаше некои мали препреки. Нашата група одлично се согласуваше, а часовите поминуваа брзо и лесно. Нашата група успешно ја заврши зададената задача.

Comments

Popular posts from this blog

"Повик на дивината" - Џек Лондон

"Бескрајна приказна" - Михаил Енде

"Галебот Џонатан Ливингстон" - Р. Бах