Дали времето во кое што живеам е најдобро за мојата генерација
Ако не учиш си глупав/а, а ако учиш си бубалица... Ова време е безвредно. Мојата генерација живее во време со достапност до огромен број на информации, многу брзо и лесно. Јас би се запрашала дали тоа не прави почовечни и похумани или не повлекува во изолација на живеење во друг свет.
Развојот на современата техника и технологија ни овозможува брза достапност на информации на секое место. Може и да запознаеме личности на наша возраст. Образованието никогаш не било полесно отколку денес. Во денешно време има онлајн курсеви кои се валидни.
Но, колку што има предности, исто така има и недостатоци. Долгото седење пред компјутер е една од најчестите причини за болест на видот и грбот. Исто така има и премногу веб сајтови што даваат информации кои не се соодветни за нашата возраст.
Модерната технологија му штети и на реалниот и на социјалниот живот. Децата почнуваат да се чувствуваат осамено и да се затвараат во нивните соби седејќи ма компјутер. Така им се намалуваат социјалните односи со околината во која живеат.
Моето мислење е модерната технологија да се користи како помагало за брз и лесен пристап до информации и подобрување на квалитетот на животот.

Comments
Post a Comment