"Бескрајна приказна" - Михаил Енде

   Во романот "Бескрајна Приказна" се работи за детето Бастијан Балтазар Букс кој е голем љубител на книги, како случајно влегува во стара антикварница и краде книга. Потоа тој почнува да ја чита книгата, влегува во неа и станува дел од самата.
   Во овој роман експозицијата е кога Бастијан задишан влегува во антикварницата за книги каде се наоѓа стариот г-дин Кореандер. Бастијан признава дека тој бега од лошите деца од неговото училиште, бидејќи тие го тепаат и го задеваат дека е глупак. Потоа додека г-дин Кореандер занесено зборува на телефон, Бастијан краде книга и заминува на таванот во неговото училиште и почнува занесено да ја чита книгата со бакарни жици и две змии на корицата, која се вика "Бескрајна Приказна".
   Заплетот во овој роман е кога Бастијан ја чита книгата и дознава дека во земјата "Фантазија" се наоѓа Детската царица која е многу болна. Дошле многу лекари од целата Фантазија, но не успеале да ја излечат царицата и затоа Каирон кој е пола човек пола коњ, предложува медаљонот Аурин да го предадат на ловецот Атреј и тој да оди во потрага и да го најде лекот за царицата. По возбудливите доживувања  на Атреј(стаклената кула,распеаните дрва, мочуриштето на тагата) тој дознава дека лекот за да се спаси Детската Царица и земјата Фантазија од "ништото" е да и се даде ново име од страна на дете од реалниот свет.
   Додека Бастијан ја чита книгата и дознава дека тој самиот е детето кое треба да ја спаси царицата се случува врвот на чувствата или кулминацијата. Тој одеднаш се наоѓа пред неа и ја нарекува "Месечево Дете", а таа му го подарила Аурин за да му ги исполни сите желби.
   Пресвртот е кога Бастијан на сила го употебил мечот "Сиканда" и го ранил Атреј и тој се повлекол со Фухур кој е змеј на среќата.
   Кога Атреј неочекувано го спасува Бастијан се случува расплетот. Бастијан враќајќи се во својот свет се враќа дома и почнува да му раскажува на татко му за авантурите кои ги доживеал.

Comments

Post a Comment

Popular posts from this blog

"Повик на дивината" - Џек Лондон

"Галебот Џонатан Ливингстон" - Р. Бах